Зошто да се придружам на CEESEN?

CEESEN (Мрежа за одржлива енергија на Централна и Источна Европа) е широка мрежа на организации и поединци од владата, академската заедница, невладините организации и бизнисот, со продлабочени знаења и големо искуство за следните теми:
  • Енергетска политика
  • Ангажирање на засегнатите страни
  • Застапување
  • Финансирање
Онлајн платформата на мрежата е место каде што сите членови можат да се запознаат меѓусебно со идните партнери, да бараат можности за финансирање на своите проекти, да учествуваат во обуки и самите да креираат обуки од областа на нивниот интерес. Членството во мрежата е бесплатно. Регистрирај се тука.

Што е ПАНЕЛ 2050?

ПАНЕЛ 2050 е проект финансиран од програмата на Европската Унија за истражување и иновации Хоризон 2020 за ниско јаглеродната заедница во Европа до 2050 година, имплементиран од страна на партнери од 11 европски земји. Главната цел на проектот е да ги поддржи заедниците на ЦИЕ во трансформацијата кон ниско јаглеродна економија со поддршка на локалните засегнати страни. Мрежата за одржлива енергија на Централна и Источна Европа (CEESEN) беше создадена во рамките на овој проект со цел да ги обедини различните чинители во областа на енергијата за да се соочат со предизвиците на одржливиот развој во земјите од Централна и Источна Европа и пост-советските земји.
Нашето Мото: Станете дел од ниско јаглеродната заедница во Централна и Источна Европа!
Патокази за 2050 година
Патоказите (стратешките насоки) се практични патеки што треба да се развијат од секој регион или заедница, дел од CEESEN мрежата, со цел да се постигнат целите поставени во Енергетската Стратегија на Европската Унија до 2050 година. Тие ќе бидат придружени со стратешки "Енергетски визии" и детални, чекор-по-чекор, водичи за имплементација - "Акциони планови". Улогата на CEESEN мрежата во овој процес е да го олесни најширокото вклучување на засегнатите страни, со што во заедницата се создава култура на сопственост за нејзината енергетска иднина. За да дознаете повеќе, регистрирајте се на https://ceesen.org и пристапете до сите обуки, проекти и документи.
Работете со засегнатите страни во ПАНЕЛ 2050
ПАНЕЛ 2050 разви посветен процес за ангажирање на засегнатите страни во долгорочниот процес на енергетско планирање. Методологијата позади процесот вклучува елементи на комуникација, менаџмент со идентитетот и промоција. Со помош на експертскиот тим на проектот, партнерите во проектот имаат развиено капацитет за успешно ангажирање како да: се креираат и одржат успешни деловни односи, да се дизајнираат соодветни пораки, да се креира мотивирачка работна средина за заеднички состаноци, итн. За да станете дел од CEESEN мрежата и дел од процесот на ангажирање на засегнатите страни, регистрирајте се за Конференцијата за енергетска транзиција на ЦИЕ 2017 или контактирајте со со проектниот партнер во вашата земја.
Поддршка на претходниците (Forerunners) од засегнатите страни
ПАНЕЛ 2050 ги поддржува локалните засегнати страни да станат лидери во процесот на транзиција на енергијата во нивната заедница или со други зборови - да станат "претходници" (Forerunners). Луѓето и организациите со голем интерес за теми за одржлива енергија и транспорт, се обезбедени со водичи и обуки, додека CEESEN мрежата им нуди место за меѓусебно поврзување со другите. Побарајте повеќе информации на: https://ceesen.org
Обуки
Почнувајќи од октомври 2017 година, ПАНЕЛ 2050 обезбедува серија на обуки на локално и регионално ниво со цел да го зголеми капацитетот на претходниците (Forerunners) од засегнатите страни. Програмата на обуките е фокусирана на застапување за одржлива енергија и вклучува четири главни елементи: застапување и креирање политики; обновлива енергија; управување со енергијата и социјални иновации. Регистрирајте се на https://ceesen.org и пронајдете обуки во вашата земја (платформата CEESEN е во 12 јазици).

Наши достигнувања