Вклученост на засегнатите страни

АНГАЖИРАЊЕ НА ЗАСЕГНАТИТЕ СТРАНИ И НИВНА МОТИВАЦИЈА


Издавач:BDS
Година на издавање:2017
Теми:Енергија, Застапување, Учење, Планирање
Summary

ПРОЕКТ: ПАНЕЛ 2050 – ПАРТНЕРСТВО ЗА НОВО ЕНЕРГЕТСКО ЛИДЕРСТВО 2050

АНГАЖИРАЊЕ НА ЗАСЕГНАТИТЕ СТРАНИ И НИВНА МОТИВАЦИЈА
Куманово, 06.10.2017 год

Главната цел на проектот ПАНЕЛ 2050 година е да ги поддржи заедниците од Централна и Источна Европа во трансформијацијата во ниско јаглеродна економија со помош на локалните највлијателни засегнати страни.

Со поддршка на партнерите на проектот и поголема вклученост на CEESEN мрежата, организациите и поединците може да започнат да дизајнираат одржлива иднина за својата заедница.

Засегнати страни или чинители се оние врз кои ќе влијае и оние кои може да влијаат на стратегијата.
Сите оние кои имаа некаков интерес од активноста

Идентификувањето на засегнатите страни и нивните проблеми, е неопдходно, со цел да се сфати опсегот на интерес кој треба да се земе предвид при развојот и имплементацијата на стратегијата

Различни засегнати страни може да гледаат на еден проект и предлози на прилично различни начини, во зависност од нивните интереси, нивните конкретни приоритети и нивното искуство во организацијата на луѓеto, или пак луѓе кои ја водат работата.
Всушност, целите на различни засегнати страни и групи на засегнати страни се често во конфликт.

Да се вклучат во процесите на енергетско планирање во заедницата

Да идентификувате “фор-ранери“ кои можат да помогнат да ги водат овие напори

“Фор-ранер” е активна, потенцијално влијателна личност или организација која може да ја поттинт промената

Списокот на засегнати страни за било која стратешка работа најверојатно е долг

Кои се засегнати страни за енергетска транзиција на СИПР?
Идентификација на засегнатите страни

Диференцијација и категоризација на засегнатите страни

Приоритизација на засегнатите страни

Ангажирање на засегнатите страни

Истражување на врските помеѓу засегнатите страни
Која е нивната позиција денес?
Што сакаме тие да велат за енергетската транзиција за 10–15 години?
Кои се нивните очекувања?

Бура на идеи – идентификување на можните засегнати страни за енергетска транзиција на СИПР

При тоа размислете за:

нивните цели
нивните реакции во минатото и денес
очекуваните однесувања
претпоставеното влијание кое тие го имаат врз енергетска транзиција на СИПР (позитивно и негативно)
нивната можна реакција
степенот на заинтересираност и нивото на поддршка.
нивната важност

Засегнати страни кои даваат голема поддршка и кои се многу важни треба тесно да бидат вклучени во работата на тимот.

Со заинтересираните страни кои се многу важни, а кои не даваат поддршка треба тесно да се соработува со цел да се подигне нивниот степен на поддршка. За да се направи тоа, мора да се одредат кои се тие.

Засегнатите страни кои даваат поддршка, но се од мала важност може да го одвлечат вниманието, тоа треба да се препознае и да се делува соодветно.

Засегнатите страни кои ниту даваат поддршка, ниту пак се важни треба да се следат со цел да се осигураме дали нивниот степен на важност ќе се промени, меѓутоа не треба да го одвлекуваат главното внимание на тимот.

Кој е најкорисниот метод за идентификација и анализа на засегнатите страни?
Кои се најдобрите методи за да им се пристапи на засегнатите страни? Како да се идентификува кои би можеле да бидат добри “фор-ранери“?

Кои вештини или обуки им се потребни на “фор-ранерите“?

Кои вештини или обуки Вам ви се потребни?